Post by Zorica Buzharovska Boshkovska
💫
Понекогаш најтешките одлуки се оние што нè носат до повозбудливи патеки! ✨ Донесов одлука да се разделам од мојата досегашна позиција Генерален менаџер на KARIERA mk и да започнам ново поглавје. Горда сум на изградениот бренд, за кој живеев и ден и ноќ и на тимот со кој заеднички ја пробивавме Kariera.mk како и начинот на кој ја позиционирав компанијата изминативе 5години за да продолжи да расте и да се развива и понатаму! Благодарна сум за еден куп соработки, безброј проекти и идеи, голем број организирани настани, илјадници состаноци и прекрасни пријателства! Возбудена сум за тоа што ми носи иднината, време е за нови патеки а дел од Kariera.mk засекогаш ќе светка во моето срце 💫