Post by Tamara Jovanov

Professor Of Marketing: Helping students and entrepreneurs achieve educational, business and life goals

Во среда, имаме уште еден гостин од пракса. Но, овојпат, целиот настан е организиран од тим на студенти по Маркетинг менаџмент! Вака, младите директно го применуваат теоретското знаење во пракса и учат: - Организација на настан - од идеја, до реализација; - Преговарање и договарање со луѓе од реалниот сектор; - Преземање лична одговорност во процесите; - Создавање вредност за себеси и колегите; - Координација на луѓе во и вон тимот; - Тимска работа и улоги во тимот; - Важноста и улогата на сите засегнати страни во секоја една активност... Помина времето кога на студентите гледавме само како на пасивни слушатели на предавања. И сметам дека оваа промена беше нужна и е одлична! Младите се всушност центарот на збиднувањата и е исклучително важно да бидат активни учесници во истите. Со менторирање и насочување, поддршка и контрола од професорот, можат да постигнат многу повеќе од само повторување на научена теорија. Можат да го сфатат нејзиното значење, да ја применуваат во реално време и да создаваат вредност за себе и заедницата во која делуваат. На Економски факултет - Штип при University "Goce Delcev"​ at Stip, реално се водиме од принципот на учење фокусирано на и водено од студентите. Настанот е од отворен тип и можат да присуствуваат сите заинтересирани за дискусијата која ќе следи. Бујрум :)

Post content