Post by Pance Causevski
Podcast “Freitags in Deutschland mit Marina und Pance” Подкаст “ Петочно во Германија со Марина и Панче”
Добредојдовте во нова епизода од нашиот подкаст. Во изминатиот период разговаравме за теми што допираат многу луѓе. Почнавме со прашањето дали, и покрај тоа што сме постојано поврзани преку социјалните мрежи, всушност стануваме сè поосамени. Потоа зборувавме за чувството „не сум доволно добра“, за перфекционизмот и за тоа како нашиот внатрешен критичар честопати ни поставува нереални очекувања. Во последната епизода се задржавме на overthinking – кога умот не престанува да анализира, да создава сценарија и да нè држи заробени во сопствените мисли. Ако ги погледнеме сите овие теми, ќе забележиме дека имаат една заедничка нишка. Стравот. Страв да не бидеме отфрлени. Страв да не погрешиме. Страв дека не сме доволно добри. И многу често, страв да направиме чекор кон нешто ново. Токму затоа денес зборуваме за стравот од промена. Зошто остануваме во ситуации што одамна не нè прават среќни? Зошто понекогаш повеќе се плашиме од можноста да ни биде подобро отколку од сигурноста дека не сме добро? И како да направиме промена, иако стравот сè уште е тука? За сето тоа ќе разговараме во денешната епизода. Останете со нас.