Post by Moderm™
1,502 followers
По повод Меѓународен ден на лицата со попреченост, Slavej AD во соработка со МОБИЛНОСТ, а спроведено од MODERM, организира заедничка ХУМАНИТАРНА кампања на тема ПРИСТАПНОСТ! Кампањата "ОДИ СО МЕНЕ" е кампања со една и единствена цел- да се подигне свестта за адаптирање и подобрување на пристапот до сите јавни површини и објекти, за полесно секојдневно функционирање на лицата со попреченост. Оваа кампања, при која се приклучија и јавни лица го користи гласот на народот за овозможување на еднакви можности и еднаков третман за сите! За таа цел, потготвивме предизвик, во кој учесникот треба да се обиде да се движи/ да влезе во избран јавен објект каде што пристапот не е адаптиран за лица со попреченост, но истото да го прават на некој од следните начини: • со врзани очи • со врзани (споени) нозе • движејќи се на назад Обидот треба да биде снимен од страна на учесникот (најверојатно со асистенција на пријател) во било каков формат соодветен за социјалните мрежи и видеото да биде објавено на сопствениот профил. При објавување на видеото, треба да се користат #OdiSoMene и #Pristapnost како промотивни хаштагови. Исто така, учесникот треба да номинира свои пријатели и да ги предизвика да го направат истото. #challenge #internationaldayofpeoplewithdisability