Post by MASIT ICT Chamber of commerce

3,483 followers

✔️ Се одржа отворањето на „Везилка“, првиот Национален центар за вештачка интелигенција во Македонија, важен чекор кон зајакнување на домашниот AI екосистем и создавање нови можности за иновации, развој на таленти и поголема конкурентност на македонската економија. По тој повод, Filip Petrovski, заменик претседател на УО на МАСИТ, беше дел од панел дискусијата „AI as an Engine for Economic Development“, заедно со претставници од институциите, академијата и ИКТ секторот. Разговорот го отвори прашањето што нѐ засега сите: како македонската ИТ индустрија да прерасне од извоз на работни часови во создавање и извоз на сопствени производи, иновации и интелектуална сопственост. Една порака беше јасна низ целата дискусија, а тоа е дека ова не е предизвик што може да го реши една компанија или една институција. Потребна е заедничка акција на индустријата, академијата и државата. За да успееме, неопходно е партнерство во кое компаниите ќе имаат пристап до инфраструктура, фондови за развој на идеи, регулатива со која ќе можат да дојдат и странски фондови, како и отвореност на Македонските компании и Јавни инстритуции за соработка со што ќе се се креира можност за пласман на локалните производи пред се дома а потоа во светот. Иднината се продуктите и иновациите, а „Везилка“ е одличен прв чекор во градењето на потребната инфраструктура. Следниот чекор е создавање силен екосистем во кој домашните компании ќе создаваат, соработуваат и ќе купуваат знаење една од друга, наместо постојано да го увезуваат. 💡 Иднината се гради денес преку знаење, соработка и технологии што создаваат вредност. Им благодариме на организаторите и на сите учесници за продуктивната дискусија. МАСИТ останува посветен на поврзувањето на заедницата околу заедничката цел за дигитално напредна, иновативна и конкурентна Македонија. #Везилка #МАСИТ #AI #ВештачкаИнтелигенција #ДигиталнаТрансформација

Post contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost content