Post by Ljupka Trninkova
National Contact Point for Digital Europe Programme | Advisor for EU Integration and International Cooperation - Ministry of Digital Transformation
Ми претставува особено задоволство што бев дел од тимот кој го организираше Националниот информативен ден „Дигитална трансформација и можности во програмата Дигитална Европа“ во Скопје. Како Национална контакт точка за Програмата „Дигитална Европа“ при Ministry of Digital Transformation (Министерство за дигитална трансформација), имав можност да зборувам за можностите што програмата ги нуди за македонските организации, како и за улогата на министерството како надлежна институција за координација на учеството во програмата и поддршката што им ја овозможува на потенцијалните македонски апликанти. Во моето обраќање истакнав дека Програмата „Дигитална Европа“ не е само можност за финансирање, туку и платформа за градење партнерства, развој на дигиталните капацитети и активно вклучување во европскиот дигитален екосистем. Настанот беше отворен од Рaдослав Настасјевиќ Варџиски, заменик министер за дигитална трансформација, Н.Е. Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија, и Маркус Делфс, директор на GIZ за земјата. На настанот беа претставени тематските области од Повикот 10 во рамките на Програмата „Дигитална Европа“, со краен рок за поднесување на проектни апликации до 1 октомври 2026 година. Maria Roca Puigserver ги презентираше можностите за аплицирање и даде практични насоки за подготовка на успешни проектни предлози, а беа претставени и успешните приказни на MKSafeNet и GovTech4All. Панел-дискусијата, со учество на претставници на Европските центри за дигитални иновации: INNOFEIT EDIH и DigitMak - Macedonian Digital Innovation Hub, како и Везилка AI Antenna , ја истакна важноста на европската соработка, градењето партнерства и улогата на иновацискиот екосистем во подготовката на квалитетни проектни апликации.Во рамките на настанот беше претставена и новата верзија на funding.mk, платформа развиена од Solveo Co за пристап до финансирање која ги обединува фондовите, јавните грантови, тендерите и кредитните можности на едно место. Искрена благодарност до GIZ North Macedonia, Амбасадата на Сојузна Република Германија, FundingBox, сите говорници, панелисти и учесници за нивниот придонес и поддршка во успешната реализација на настанот. Верувам дека интересот што го видовме на овој настан ќе резултира со уште поголемо учество на македонските организации во Програмата „Дигитална Европа“. #DigitalEurope #DigitalEuropeProgramme #DigitalTransformation #EU4Digital #EUFunding #Innovation #NorthMacedonia