Post by Ljubica Angelkova

PR & Communication expert

Дали сте подготвени за првиот show room на уникатен и врвен мебел и детали за ентериери во Битола кој е планиран да се отвори кон крајот на јуни со потпис на тимот CONSULATE home philosophy ... Ако сте, тогаш добро е да ви кажеме дека зад оваа идеја со свој тим на дизајнери, илустратори, врвни мајстори на занаети со метал, стакло и дрво, стои архитектката Maja Nasteska Таа, во нејзиното професионално CV си запечатила врвни искуства како бренд менаџер за Балканот на италијанската фабрика за луксузен мебел Giorgio Collection, која ја лансирала на значајни точки на глобалниот свет на оваа индустрија чиј епицентар на диктирање трендови е славниот Salone Del Mobile во Милано. Во оваа старт-ап авантура Маја влегува со една цел, а тоа е преку својот уникатен, вонвременски дизајнерски и уметнички мебел, детали за ентериерите и дизајнерски сувенири да се раскажува приказната за Битола, нејзината историја, култура, традиција спакувани во нов дизајн кој одговара на современото живеење, со намера мебелот и деталите од Consulate да сакате да ги оставите на идните генерации. Како што некогаш некои наши претци тоа го правеле за нас...(1/1) ⬇️ #prpower #prrocks #design #interiordesigner #designer

Post contentPost contentPost contentPost content