Post by Ljubica Angelkova
PR & Communication expert
[ how cool is that ] Пред отприлика две години, една многу драга личност ми препрати твит кој објасна дека во Охрид има двајца браќа кои прават феноменални бургери. По трагата на твитот, ги запознав браќата Бојан и Филип и за прв пат потврдив дека Македонија има свој сериозен претставник на street food сцената. А тоа нема врска со fast food & junk food, ако зборуваме за дефиниции…ова е храна која релативно брзо се подготвува, не е прескапа, има своја локална приказна или што би рекле глобалните гастрономи има cultural ties со средината. Ова е храна која се подготвува на локација која не работи нон стоп или долго во едно деноноќие, за да созадава екстра профит по цена на намален квалитет. Затоа е ова по дефиниција street food приказна. Тогаш направив интервју за Inovativnost со нив, кое помина кај читачката публика фантастично и го лансира тој нивни мал киоск на главната пешачка зона на Охрид на мапата • street vendors around the globe xn--...-rp0a.xn--80abd5ahmh8a. Ривјус за нив почнаа да пишуваат и локалци и странци по форуми, се појавуваа често и на други медиуми…едноставно дечките станаа славни. Од таа моја прва средба со нив се роди едно убаво пријателство кое трае…фрлам често поглед да ѕирнам како им оди и колку брзо излегува пораката “sold out сме за денес”, зошто кај нив има бургери додека има специјално подготвено, на дневна основа , зајре за нив. Што значи тие не се консумеристичка угостителска приказна. И никогаш нема да бидат. Запамтете, кога сте нервозни зошто нема повеќе бургери и зошто некогаш се чека…..Тие не се ни фаст, џанк или некој сличен опис за храна. Тие се македонска стрит фуд приказна. И треба така и да ја почитувате. И за да дадам објаснување од каде оној мој тизер на почетокот, How cool is that…викендов тие отворија втора локација во Охрид и во менито ставија нов бургер со моето име 😅 …. Мора да си признаам, звучи супер и ми прави чест, не сум замислувала дека мојот придонес за нечиј успех ќе биде запечатен на еден ваков посебен начин, кој ми значи… Како поборник на здрава храна, тие што добро ме знаат, знам да си кажам дека секој од нас повремено треба да има свој cheat day, па по желбата да уживам во овие врвни бургери во еден таков ден, го насловија бургерот Bube’ cheat/cheese burger кој има екстра гауда во него и во духот на времето во кое живееме сервирана е во xn--...-2dd8ag7bm.xn--80atbq вакцина за екстра cheese taste. Плус моја боја е жолтата…. Едноставно, погодија сѐ. Ентони Борден еднаш напиша “Street food, I believe, is the salvation of the human race” И да знаете дека така и ќе биде…. Bro's Burger Station ⭐️