Post by KNAUF North Macedonia
629 followers
Во склоп на иницијативата на Кнауф Learning Week, а во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност, организиравме обука за безбедност и посета на фабриката „Кнауф Радика“ за колеги од Скопје, Дебар, KNAUF Albania и колегите од Приштина од KNAUF Kosova , односно за оние кои работат во канцелариски функции (non-manufacturing). Целта на оваа активност беше учесниците поблиску да се запознаат со безбедносните процедури, правилата и практиките што секојдневно се применуваат во производствена средина, како и да се подигне свесноста за значењето на безбедноста при работа на сите нивоа во компанијата. За време на посетата, колегите имаа можност да добијат практичен увид во производствените процеси, да се запознаат со потенцијалните ризици во работната средина и со мерките што се преземаат за нивно спречување. Во рамки на обуката што ја организираa Arben Kolari и Omer Cami , своја презентација за безбедноста и превентивните мерки одржа и компанијата Tosha Albania, на што им упатуваме искрена благодарност за придонесот и споделеното знаење. Исто така, беа присутни и нашите соработници – добавувачи на лични заштитни средства, Extrabis – Скопје, кои одржаа презентација на тема типови на PPE и правилно користење на истите. Им благодариме за нивното учество и за корисните информации и практични насоки што ги споделија со присутните. Обуката уште еднаш ја потврди важноста на безбедноста како заедничка одговорност и како составен дел од нашата организациска култура. Со вакви активности, Кнауф продолжува да ја јакне свеста дека безбедноста не е само процедура, туку вредност што сите ја живееме и применуваме секој ден. #knaufmacedonia #buildonus