Post by Ivan Mitkovski
Guitarist • Software Engineer • Chisto.mk
Во февруари Chisto.mk беше празно репо на мојот лаптоп. Од денес е на App Store и Google Play. Chisto.mk е бесплатна апликација со која секој во Македонија може да пријави загадување за две минути. Фотографија, локација, готово. Пријавата оди на јавна мапа и таму останува видлива додека не се реши. Преку апликацијата се организираат и акции за чистење, со QR присуство и поени за секое учество. Имам 22 година и ова е најголемото нешто на кое сум работел досега. Но ниедна линија код немаше да стигне до овде без тимот зад Chisto.mk и ЕКОХАБ: Vasil Angelov, Leon Mitev, Antonio Hristovski. Она што почна како идеја на еден лаптоп, стана платформа затоа што повеќе луѓе решија да ѝ го дадат своето време, знаење и работа до доцна навечер. А најважното што го научивме по пат не е техничко: апликацијата не чисти реки и не крева ѓубре. Тоа го прават луѓе што решиле дека средината им е грижа, а не туѓ проблем. Нашата работа беше само да ја направиме таа одлука полесна. Сликни. Пријави. Исчисти. Отвори го линкот во коментар, и инсталирај ја Chisto.mk на твојот Android или iOS мобилен телефон.