Post by Institute for Research in Environment, Civil Engineering and Energy (IECE)

1,228 followers

Денес доделивме признанија на вработените во ГИМ и ИЕГЕ кои користеа „Мобилност со нула емисии“ за време на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), а доказ за тоа беа извештаи од апликацијата Strava. 🛴🚲🚶‍♀️🚶 Сузана Касовска Георгиева и Ѓоко Вешовски имаа најголем број на пројдени километри со велосипед до и од работното место, а директорот Ѓорѓи Гошев успеа да пројде 57km со велосипед за само еден ден. Во чест на победничката Ивана Герчакова (која комбинираше возење велосипед, пешачење, пливање, трчање) беше посадена декоративна зимзелена садница, со етикета со нејзиното име во дворот на ГИМ. 🌱🌲🌳 👏 Им честитаме на сите вработени кои преку сопственото учество придонесоа за почист воздух и помал јаглероден отпечаток во градовите, помал сообраќаен метеж и поздрав, поразновиден, а воедно и позабавен начин на превоз. #EuropeanMobilityWeek #ZeroEmission #sustainabletransport

Post contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost content