Post by Habitat for Humanity Macedonia
359 followers
📚 Информирајте се за новиот сет на алатки на проектот EXCITE за иновативни бизнис модели за инвеститори, општини и енергетски заедници! Публикацијата содржи и примери на успешни приватно-јавни партнерства, изведба на решенија и модели за вклучување на граѓаните дадени согласно спецификите на земјите кои учествуваат во проектот. 🧐 Целиот извештај на англиски јазик е достапен на следниот линк 👉 https://lnkd.in/evmtbfUv ➡️ Проектот Excite - Стандарди за одличност, инвестирај во доверба - сервиси за енергетски менаџмент прилагодени на локалните власти во Источна Европа, има за цел директно да ги подобри климатските акциски планови во 25 општини ширум Европа преку рационално искористување на енергијата и употреба на обновливи извори на енергија и тоа преку примена на методологијата на Европското енергетско признание (ееа – #EuropeanEnergyAward). Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата Хоризонт 2020. Во Македонија се спроведува од страна на Хабитат Македонија во општините Карпош, Кочани и Кичево.