Post by GrowBiz Startup Macedonia
296 followers
Што му е најпотребно на еден претприемач кога бизнисот почнува да расте? 🎙️ Нова епизода од GrowBiz Startup Stories Во втората епизода разговараме со Bojan Lazarevski, претприемач и дел од GrowBiz заедницата, за неговото искуство со програмата и како бизнис коучингот му помогнал да направи чекор назад, да ги постави вистинските приоритети и да се фокусира на она што навистина носи вредност. Зборуваме и за тоа колку е важно да имате некој покрај себе со долгогодишно искуство и тоа не за да ви ги даде сите одговори, туку за да ви помогне да ги поставите вистинските прашања. Доколку сте претприемач или размислувате да започнете сопствен бизнис, веруваме дека во овој разговор ќе пронајдете идеи што можете веднаш да ги примените. ▶️ Погледнете ја целата епизода на линкот во коментар и споделете ни што ви остави најсилен впечаток.