Post by Foundation for Management and Industrial Research
4,382 followers
Извршната директорка на Foundation for Management and Industrial Research, Gabriela Kostovska Bogoeska учествуваше на првата конститутивна седница на Советот за поддршка на женско претприемништво во Град Скопје - Council for WE at the City of Skopje, на која се разгледа програмскиот акт на Советот со цел посветување на поголема поддршка на жените претприемачи, креирање политики за родово буџетирање, унапредување на родовата рамноправност и програми за финансиска поддршка за жените кои ја почнуваат својата претприемачка активност. Во своите општи цели Советот, пред се, ќе креира политики за да го олесни пристапот во учеството на жените во оштественото дејствување. Ќе дејствува во насока на подобрување на родовите улоги и елиминирање на ограничувањата, а ќе креира и можности за економско зајакнување на жените. Во своите конкретни цели Советот гo вклучува унапредувањето на родовата перспектива во градот Скопје, како и вклучувањето на неколку принципи на родовите аспекти во креирање на главните политики на Градот, собирање анализа на податоци специфични за родот, еднаков пристап и користење на услугите, еднаква вклученост во одлучувањето, еднаков третман во процесите на управување. Важно е да се работи на родово сензитирано буџетирање во Градот Скопје, кое како инструмент на финансиска политика за родова перспектива ќе значи праведно распределување на буџетот. Советот има за цел да креира програми и создава можности за финансиска поддршка на жените претприемачи, но и да креира стимулативни програми за започнување на нови бизниси за жените. Како прв Совет од ваков вид во градот Скопје, Советот за поддршка на женско претприемништво ќе работи на натамошно развивање и вмрежување со преостанати организации, со цел подигнување на нивото на жени претприемачи во општеството.