Post by Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics-Skopje
2,358 followers
Во периодот од 27 до 30 јуни 2026 година во Охрид, успешно се одржа 6-та Олимпијада по сметководство - „Повеќе од знаење“, во организација на Катедрата за сметководство и ревизија при Економскиот факултет - Скопје. Овој традиционален, натпреварувачки, настан повторно ги обедини студентите околу знаењето, тимската работа, аналитичкото размислување и развојот на меките вештини. Учесниците имаа можност да ги применат своите знаења во практични предизвици, да се поврзат со реномирани компании од областа на сметководството и ревизијата и да стекнат искуство што ја надминува класичната настава. Сите учесници добија сертификати за учество, а најуспешните студенти беа наградени со сертификати, медали за освоено прво, второ и трето место, како и со вредни награди. Изразуваме искрена благодарност до поддржувачите на настанот: Ss. Cyril and Methodius University in Skopje / Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, RSM Macedonia, Unija ETL Makedonija, Baker Tilly Joanidis и Zito Luks SA Skopje, кои придонесоа за успешната реализација и на ова издание на Олимпијадата. Честитки до сите учесници и добитници. Продолжуваме да создаваме можности преку кои знаењето се претвора во искуство, вештини и професионален развој.