Post by Vasilka Dimitrovska
Bringing Heritage to Life through Interactive Storytelling & Experiential Learning | Certified Interpretive Trainer | Supporting Museums, Institutions & Corporate Teams in Designing Engaging Heritage Experiences
Петочна приказна за нашето наследство Мирисот на Скопје: Кога липата ќе проговори со јазикот на митовите, сетилата и брендингот Има еден краток прозорец во годината кога Скопје престанува да биде само град од бетон и асфалт, и станува чиста емоција. Тоа се овие денови во јуни, кога низ улиците ќе се разлее оној препознатлив, сладок и опоен мирис кој има посебна магија и буди носталгија кај секоја генерација. Ако ги прашате старите скопјани, ќе ви кажат дека Скопје во лето не мириса на смог, ниту на цвеќиња по дожд. Во јуни, Скопје дише ист воздух. Скопје мириса на расцветана липа, како некој да истурил парфем врз градот. Мирисот на липа во Скопје работи како временска машина. Тој е врежан во колективната ДНК на генерации мештани. За некои, тој тежок мирис налик на мед значи крај на училишната година и почеток на бесконечниот летен распуст. За други, тој е синоним за првите тинејџерски љубовни средби во Парк, за мирисот на влажниот асфалт по летниот пороен дожд или за звукот на чашките при маалските дружби доцна во ноќта. Во нашата народна митологија пак, липата не била само дрво, таа била живиот дом на богинката Лада, заштитничката на љубовта, убавината, летото и брачната хармонија. Липата цвета токму кога сонцето ја достигнува својата најголема моќ, означувајќи го триумфот на светлината и животот над темнината. Постојат многу причини зошто ја одбрав липата да биде заштитен знак на мојот бренд Storytelling Skopje, кој функционира како дел од KREAKTIVA: The Storytelling & Experience Design Studio. Затоа што ниту едно друго сетило нема толку директна и исконска врска со човековата меморија, како мирисот. Но, како дизајнер на искуства, додека чекорам деновиве низ овој миризлив бран низ Скопје, не можам а да не си го поставам прашањето, зошто како град не знаеме да го брендираме сопствениот мирис. Јазикот на брендингот: Како да го спакуваме „Скопје во јуни“? Овој дел поради орграничување на карактерите е во коментар!