Post by Dimitar Bogeski
Director at State archives of the Republic of North Macedonia
Со особено задоволство ја отворив изложбата „Од Ат-пазар до Дрвен пазар-калеидоскоп на едно минато време“ во Безистенот во Битола, подготвена од тимот на Одделението Битола при Државниот архив, во соработка со НУ Центар за култура-Битола, во рамките на фестивалот „Илинденски денови“. Државниот архив е чувар на колективната меморија и важен мост помеѓу минатото и идните генерации. Затоа, промоцијата на архивското наследство преку вакви изложби има особено значење, таа ја доближува историјата до јавноста и ја прави достапна за сите. Изложбата преку архивски фотографии, документи и дигитални содржини ги оживува седумте најпознати битолски пазари и сведочи за трговскиот, културниот и општествениот живот на градот низ децениите. Голема благодарност до тимот на Подрачното Одделение Битола и до нашите партнери од НУ Центар за култура-Битола за посветеноста во реализацијата на овој значаен проект. 📍 Безистен, Битола 📅 Изложбата е отворена до 31 јули 2026. #StateArchives #CulturalHeritage #Archives #Bitola #History #Leadership #PublicHistory #IlindenskiDenovi