Post by Darko Petrovski

Executive business, management and HR consultant, speaker, trainer, mentor, President of Macedonian HR Association, founder of Talent Business Incubator Stepup

Менаџирањето со знаењето #knowledge_management е неопходно за секоја организација, особено за оние чиј што бизнис почива на истражувања и развој. Во изминатите декади најголем број од македонските компании или го занемарија и заборавија тоа што претходно постоеше или пак новоформираните не стигнаа дотаму за да го втемелат и развијат во своето работење. На денешните глобални пазари местото за компании и продукти кои не почиваат на истражувања и развој го нема. Оттаму и потребата од стратегиски пристап кон ова прашање и кон ангажирање на компетентни вработени кои ќе бидат носители и промотори на управувањето со знаењето станува значајно и вредно да му се посвети должно внимание. Потребните знаења и вештини на занимањата задолжени за тоа, кои во нашата Национална класификација на дејности се познати како библиотекари, се менуваат од времето на претходниот систем, кога нивната обврска во компаниите и организациите беше да се грижат за збогатување, чување и овозможување на достапност до богатиот книжен фонд, до денеска, кога дигиталните вештини и платформи и аналитичките способности се клучни за организациите. Развиените способности за критичко размислување и аналитички особини ќе бидат клучни за нивниот избор. Улогата на #HR е многу значајна за стратешкиот приод кон менаџирањето со знаење, за развојот на специјализирани вработени и за градењето на развојна култура во организациите и само ќе се зајакнува со проширувањето на можностите за пристап до океанот од информации #internet и со развојот на вештачката интелигенција #AI. Прочитајте повеќе од мојот разговор за Bloomberg Adria MKD со новинарот Ѓорге Стојанов ⬇️ Macedonian Human Resources Association Talent Business Incubator Step Up https://lnkd.in/dqVXWTP5

Post content