Post by Darijan Trajanov

Health Promotion Expert | Author of ‘’I Can’’ Project | Sports Marketing Specialist | Athletes Mental Health Promotion

Не секогаш победуваат оние кои што се најсилни, најиздржливи, најбрзи туку оние кои што се ментално подготвени, и кои продолжуваат напред без оглед на околностите и пречките кои се пред нив. Во спортот е исто како и во секој професија, за да успееме потребно е да вложуваме во себе во своите потенцијали, но од огромно значење е и да го унапредуваме и нашето ментално здравје. Да бидеме ментално подготвени и да се движиме напред! Да бидеме подготвени да се соочиме со сите предизвици кои се околу нас, во нашиот професионален и приватен живот. За таа цел на 6 септември (понеделник) со почеток од 19 часот сакам да го најавам следниот инстаграм live (на инстаграм профилот @basictrainingforlifemacedonia) од областа на спортската психологија со еден од најдобрите спортски психолози почитуваниот Luka Škrinjarić од Република Хрватска. Лајвот ќе биде наменет за сите спортисти, фитнес и кондициски тренери, рекреативци, но и за сите останати. Лука Шкринјариќ е магистер по психологија – спортски психолог и воедно сопственик на компанијата Ментален Тренинг. Компанија која што работи со повеќе од 580 спортисти, огромен број на предавања, едукации. Лука во својата кариера како спортски психолог работел и работи со големи светски успешни спортисти. Меѓу кои: Јелена Николиќ – српска одбојкарка, репрезентативец и освојувач на сребрен медал на олимписките игри во Рио, Ивана Хабазин – освојувач на титулата светски првак во бокс, Роко Лени Укиќ – поранешен НБА играч и капитен на хрватската машка кошаркарска сениорска репрезентација, Анте Будимир – фудбалер на Осасуна (тим кој игра во првата шпанска лига) и репрезентативец на хрватската машка фудбалска сениорска репрезентација и уште многу други спортисти. Тема на овој Live ќе биде: Стравот од грешка – еден од најголемите непријатели на успехот во спортот! Некои од темите на кои ќе говориме се: Како да се победи стравот од публика, јавен настап во спортот? На кој начин фитнес и кондициските тренери можат да им помогнат на своите спортисти и рекреативци да го оттргнат или намалат стравот од грешка? Како да се победи притисокот од резултат (успех)? И уште многу значајни и важни прашања се со цел да добиеме корисни совети! #sport #sportpsychology #success #publichealth #health

Post content