Post by CHILDREN'S EMBASSY DETSKA AMBASADA/ДЕТСКА АМБАСАДА МЕЃАШИ

Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, како членка на Националната група за превенција на насилство кај младите, на 16 јуни присуствуваше на настан на високо ниво за потпишување на Декларацијата за превенција на насилство кај младите, организиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Декларацијата ги отсликува заедничките заложби на институциите, граѓанските организации и другите релевантни чинители за системско и координирано справување со насилството кај младите и создавање побезбедна и поддржувачка средина. Очекуваме Декларацијата да биде основа за конкретни активности и акциски планови кои ќе придонесат за подобрување на состојбите на терен. Меѓу приоритетите се унапредување на механизмите за поддршка на младите, јакнење на капацитетите на професионалците кои работат со нив, отворање и развој на младински центри, зголемување на информираноста за постојните сервиси и контакт-точки за поддршка при насилство, како и преземање други мерки кои директно ќе одговорат на потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите. Борбата против насилството денес е нераскинливо поврзана со дигиталната писменост и превенцијата на сајбер-насилството. Само преку партнерство, координирана акција и активно учество на младите можеме да создадеме безбедно, инклузивно и праведно општество за сите. Оваа активност е додадена вредност на проектот „Безбеден интернет простор за деца и млади“, спроведуван од Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ во партнерство со ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“. Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia #АлоБушавко #МЕЃАШИ #CivicaMobilitas #CHinMK #менталноздравје #безбеденинтернет #OSCE Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ и не ги одразува нужно ставовите на Владата на Швајцарија или Цивика мобилитас. First Children's Embassy in the World MEGJASHI MACEDONIA Embassy of Switzerland in North Macedonia Civica Mobilitas Impetus OSCE Mission to Skopje

Post contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost content