Post by CEFE Macedonia
893 followers
Во рамките на проектот „Искуствено учење преку спорт“ на 5 октомври 2021 година се одржа на обуката во спортската сала при СОУ “Никола Карев” Струмица. Обучувач на оваа обука беше Никола Делевски, лиценциран ЦЕФЕ тренер, професор во СОУ “Никола Карев” Струмица, претседател на Здружението за развој на бизнис и претприемништво ЦЕФЕ Струмица. За успешна реализација на обуката придонесе и Југослав Цицимов, професор по Спорт и спортски активности во СОУ “Никола Карев” Струмица, со ученици од 1 и 2 година при истото училиште. Оваа обука е подржана од Еразмус+ програмата на Европската унија и беше организирана со цел учесниците преку методологија за искуствено учење според ЦЕФЕ методологијата со спортски активности, да го зголемат свото знаење, каде истото го здобија преку трансформација на искуството и позитивен ефект врз развојот на вештините, вклучувајќи ги и меките вештини. Учесниците преку спортот и неговите техники совладаа нови и ги подобрија своите вештини како комуникација, справување со стрес, тимска работа, самодоверба, справување со конфликти, бизнис и претприемачки вештини. Партнерски организации во проектот: Champions Factory; TED Spor Kulübü; DeM Deneyimsel Eğitim Merkezi; Zavod ODTIZ / ODTIZ Institute #EUplusSport #ErasmusplusSport #Experientiallearningthroughsport