Post by Berkan Asanovski

Real Estate Capital Solutions | Global Property Investment Advisor | Helping Investors Deploy Capital Worldwide

Понеделнички да ми тргне неделава... За да дознаете која ви е пасијата, треба да се запрашате што би работеле ако парите не ви се проблем. Ова го прочитав во една книга од еден блогер што го следам скоро 5 години. Книгата можете да си ја прочитате ако читате книги (би ви ја препорачал) се вика Feel Good Productivity од Ali Abdaal. Дечкото е Youtuber и напиша книга пред некоја година што одма си ја купив. Тоа беше првата книга што ја имам купено пред воошто да се објави во светот, односно ја нарачав однапред бидејќи сакав да го поддржам. И искрено ако ме прашате мене што би работел јас ако парите не ми се проблем имам неколку кариери во глава. На прво место би работел бариста. Затоа што тоа ми е пасија и искрено многу би сакал да работам со кафе. Има некоја убава и пријатна работа во работењето со кафе и служење на добро и квалитетно кафе. Баш би го средил местенцето по мој вкус. И би служел и убаво благо, што сам би си го правел по дома да служам. Нешто како кафе-слаткарница што навистина фали една вака добра кафе-слаткарница. На второ место би работел маркетер. Можеби нешто со пишување затоа што маркетингот е огромна бранша. Од проста причина што стварно сакам да научам да пишувам добро, без граматички грешки, и правилно како што треба. Исто така не сум пишувал никогаш на македонски секогаш на англиски сум пишувал и сепак факлутет завршив на англиски јазик па и работното искуство секогаш ми било на англиски комуникацијата. Единствено дома и надвор што користам македонски. Не пишувам скоро никогаш и не сум го правел тоа професионално. Во средно македонски имав 3-ка 4 години по ред. За матура подобро да не кажам што имав... ама ај ќе кажам, оценките ми беа 3,2,2. Англиски 3-ка, македонски 2, геодезија 2. Не ни знам како сум завршил средно... ама бидна, срамота. И на трето место дефинитивно слаткар. Можеби треба на прво место да ми биде слаткар ама ај... Би го работел слаткарскиот занает затоа што имам од кого да учам и искрено се нарекува "кралски занает во угостителството". Зошто кралски? Затоа што тоа што го правиш не е потреба човекова, повеќе е човек да се заблажи и едноставно да си ја почасти душичката. Жалосно е што не се посетувани слаткарниците како порано, кога градски било девојка да поканиш на состанок во слаткарница на благо и боза. Нажалост не сум од таа генерација каде што луѓе посетувале слаткарници за да бидат видени, но се надевам дека ете со тој првиот концепт за кафе-слаткарница ако го отворам некогаш би пробал да го вратам трендот. Бидејќи како што гледаме, трендовите се враќаат. Што би работеле Вие ако парите не ви се проблем? Сте се запрашале некогаш?