Post by RSM Macedonia

2,143 followers

Е-Фактура во Македонија: успешен настан, практични насоки и размена на искуства Денес успешно се одржа настанот „е-Фактура во Македонија“, во заедничка организација на „MASIT ICT Chamber of commerce и RSM Macedonia, со поддршка и учество на тимот од Управата за јавни приходи. Нашите колеги од RSM Македонија: Vojdan Jordanov, Stefan Nikoloski, Danka Stojchevska, Nina Maneva и Теодора Цветковска, имаа можност да презентираат и да споделат практични насоки, искуства и информации поврзани со подготовката и имплементацијата на системот за е-Фактура. Настанот беше исклучително корисен и информативен, со многу нови податоци, појаснувања и дискусии поврзани со законските обврски, техничките аспекти и практичната примена на е-Фактурата во Македонија. Особено ја цениме можноста за размена на информации, искуства и прашања помеѓу институциите, компаниите и ИКТ секторот, што е од големо значење за успешна и навремена подготовка на сите засегнати страни. Голема благодарност до MASIT ICT Chamber of commerce за одличната соработка и организација, како и до тимот од УЈП за споделените информации, отвореноста и практичните појаснувања. RSM Македонија останува посветена на поддршка на компаниите во процесот на дигитална трансформација и усогласување со новите регулаторни барања.

Post contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost contentPost content