Post by AHK Nordmazedonien I АХК Северна Македонија
Ihr Partner in Nordmazedonien! Ваш партнер во Северна Македонија!
#MacedonianManufacturingExpo 2020 #AHKNordmazedonien и Здружението на метална и електро индустрија во Северна Македонија, #MAMEI, срдечно ве покануваат на четвртото издание на #MacedonianManufacturingExpo, што ќе се одржи од 20 до 22 октомври 2020 г. Актуелната состојба и последиците од глобалната криза која ја предизвика корона вирусот, не дозволуваат овој настан да се одржи со физичко присуство на учесниците, поради што настанот ќе се одржи во дигитална форма. Очекуваме #50компании купувачи и #70компании добавувачи да земат учество на овогодишниот #MacedonianManufacturingExpo. На овој тридневен настан наменет за компании од металната и електро индустрија ќе организираме виртуелна конференција, виртуелни панел дискусии, #Б2Б состаноци и виртуелен саем. Целта е да ги поврземе германските компании производители со компаниите добавувачи од регионот. Потврдете го своето учество до 2 октомври 2020 година на следниов е-мејл: [email protected]. Цените за виртуелен штанд каде може да ги презентирате Вашите производи: Изложувач тип 1 - единечен штанд: 300 евра Изложувач тип 2 - единечен штанд со објава во дигиталниот каталог на учесници: 350 евра Изложувач тип 3 - групен штанд за пет компании со објавување во дигиталниот каталог на компаниите учесници: 1.575 евра