Post by AHK Nordmazedonien I АХК Северна Македонија

Ihr Partner in Nordmazedonien! Ваш партнер во Северна Македонија!

#AHKNordmazedonien ве кани на информативно патување на тема „Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во објекти за компании од Северна Македонија и Косово“. Информативното патување наменето за претставници на компании од Северна Македонија и Косово ќе се одржи од 24 до 25 ноември 2020 година. Темата е енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во објекти. Претставници на компании и функционери-носители на општествени одлуки од Северна Македонија и Косово ќе бидат информирани за актуелните случувања во областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, а воедно ќе им бидат презентирани решенија кои се користат во градежниот сектор во Германија. На 24-ти ноември ќе се одржи виртуелна конференција и Б2Б состаноци помеѓу претставниците на германските компании со претставниците на компаниите од Северна Македонија и Косово. Учесниците од Северна Македонија може да го пријават своето учество кај Марина Станков: [email protected] Учесниците од Косово може да го пријават своето учество кај Рамадан Абдулаи: [email protected] #PartnerInNorthMacedonina #PartnerForEnergy #PartnerForGermany #PartnerForFuture

Post content