Post by AHK Nordmazedonien I АХК Северна Македонија

Ihr Partner in Nordmazedonien! Ваш партнер во Северна Македонија!

Образованието е клучот за успех! #AHKNordmazedonien започна серијал каде ќе ги претстави компаниите партнери во делот на дуалното стручно образование. Денес ја претставуваме компанијата #Brako од Велес. Компанијата #Brako е основана во 1947 година, а целосно приватизирана во 2003 година. Таа произведува производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Постоечкиот асортиман на #Brako вклучува жичани производи, медицински мебел и помагала, машини за улично чистење, додатоци за вилушкари, аеродромски транспортни приколки, куќишта за турбина на мали хидро централи, машини и останати метални производи кои се испорачуваат до клиентите насекаде низ светот. Со 530 вработени компанијата претставува еден од најголемите работодавци во Велес. #Brako е една од двете македонски компании вклучени во имплементација на дуалното стручно образование по германски терк во земјава и беше еден од иницијаторите за воведување на новата квалификација „Техничар за производно машинство“. Овој образовен профил веќе втора година се спроведува во Велес во соработка со германската компанија #Marquardt и средното стручно училиште „Коле Неделковски“. #PartnerInNorthMacedonia #PartnerForDualEducation

Post contentPost contentPost content