Post by AHK Nordmazedonien I АХК Северна Македонија

Ihr Partner in Nordmazedonien! Ваш партнер во Северна Македонија!

#AHKNordmazedonien ја претставува европската платформа за добавувачи “AHK Industrial Suppliers Forum” и можноста да станете добавувач за германската индустрија. Целта на оваа заедничка иницијатива е поврзување на добавувачи од европските земји со компании-купувачи и деловни партнери од Германија. Европски “Nearshoring” Новонастанатата ситуација на светскиот пазар бара од компаниите-добавувачи нова хармонизација на деловната и логистичката инфраструктура. Според истражувањето на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (DIHK) од 2020 година, скоро 60% од индустриските компании од Германија бараат нови добавувачи од Европа. Industrial Suppliers Forum е заедничка кампања на неколку Германски стопански комори во странство (AHK) од Европа, со цел да се поедностави потрагата по нови добавувачи и да се забрза развојот на бизнисот. Во рамките на AHK Industrial Suppliers Forum, бараме добавувачи од следниве сектори: • обработка на метали • обработка на пластика • автоматизација • електронски компоненти • машински делови • ИКТ-решенија за индустријата Онлајн платформата AHK Industrial Suppliers Forum ви нуди бројни предности како што се: • одлична видливост и пристап до нови клиенти • директен пристап до тековните барања на клиентите • автоматско „поврзување“, односно автоматско пребарување според поставените параметри на добавувачи и купувачи. Оваа услуга изнесува 280 евра + ДДВ и важи за период од 6 месеци. Платформата ви овозможува и организација на Б2Б-средби со компании од цела Европа. Пријавете се на [email protected] Прочитајте повеќе: https://ahk-isf.eu/public/

Post content