Post by Ivana Tufegdzik
PR Manager
Изминатите денови во Брисел се одржа 5. конференција Bridging the Gap, која традиционално ги обединува парламентите, граѓанскиот сектор од Балканот и европратениците. Иницијативата започна на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Трст во 2017 година, а продолжи во Скопје, Брисел и Тирана. Со своето петто издание, го одбележува својот прв јубилеј. Низ годините конференцијата отвораше дискусии за актуелни општествени теми, а годинава фокусот беше ставен на дигиталната трансформација, менталното здравје и улогата и можностите на младите во процесот на проширување на Европската Унија. Особено ми е драго што токму на конференцијата во Скопје во 2018 година за првпат беа воведени тематските работилници, од кои произлегоа конкретни препораки. Годинава, преку одличниот фасцилитаторски тим предводен од European Centre of Excellence, повторно беа креирани препораки кои, верувам, ќе бидат дел од агендата на парламентите во регионот. Како дел од алумни мрежата на програмата Young Political Leaders на Европскиот парламент, особено сум горда на континуитетот на програмата и на самата конференција, кои покажуваат дека дијалогот меѓу парламентарците и граѓанскиот сектор не е само важен, туку и неопходен. Благодарност до Democracy Support and Election Coordination Group (DEG) на Европскиот парламент за посветеноста во одржувањето на дијалогот и поддршката на демократските процеси во регионот. Gorana Pop Georgieva Bojan Kordalov Aleksandar Ivanovski