Комерцијалист- дистрибутер на книги

DEKRA Arbeit Macedonia

Skopje

Description

Во име на својот клиент Издавачки центар ТРИ, една од водечките издавачки куќи во Македонија со повеќе од 20 години успешно работење, ДЕКРА ја огласува позицијата

  • Комерцијалист- дистрибутер на книги

ОПИС НА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА

  • Дистрибуција и испорака на книги до книжарници, продажни места и деловни партнери;
  • Одржување и унапредување на соработката со постојните клиенти и продажни места;
  • Посета на продажни локации и следење на потребите на клиентите;
  • Презентација на новите изданија и продажни акции на ТРИ;
  • Пронаоѓање и развивање нови продажни канали и деловни партнери;
  • Следење на залихите кај клиентите и навремено предлагање дополнителни нарачки;
  • Преземање и предавање на документација поврзана со испораките и продажбата;
  • Комуникација и координација со останатите сектори во компанијата;
  • Одговорно, професионално и навремено извршување на работните задачи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Работно искуство во продажба, дистрибуција или работа со клиенти ќе се смета за предност;
  • Познавање на работа со компјутер (MS Office);
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Активен и сигурен возач;
  • Високо образование ќе се смета за предност;
  • Одлични комуникациски и преговарачки способности;
  • Изразена ориентираност кон продажба и постигнување резултати;
  • Самоиницијативност и проактивен пристап кон работата;
  • Одлични организациски способности;
  • Способност за самостојна работа и работа во тим;
  • Одговорност, точност и професионалност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Работнo време: 08:30 – 16:30 часот (понеделник – петок)

Локација: Општина Аеродром

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на [email protected]

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

  • Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]