Специјалист за тренинг

TAV Airports

Skopje

Description

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Развој, имплементација и унапредување на дигитални програми за обука и учење.
  • Управување со кориснички профили, пристапи, групи и права на користење во платформите за учење.
  • Креирање и адаптација на дигитални содржини за обука, вклучувајќи интерактивни курсеви, видео материјали, квизови и онлајн прирачници.
  • Следење на новите трендови и технологии во областа на дигиталното учење и нивна примена во организацијата.
  • Следење на посетеноста, завршеноста и ефективноста на обуките преку дигиталните платформи и подготовка на соодветни извештаи.
  • Обезбедување техничка и административна поддршка за корисниците на платформите за учење.
  • Координација со ИТ одделот и надворешни добавувачи за одржување, надградба и унапредување на платформите за учење.
  • Следење на точноста и навременоста на внесените податоци во системите за обука и развој, како и обезбедување усогласеност со интерните процедури и стандарди.
  • Подготовка на статистички анализи и извештаи за искористеноста на платформите, напредокот на учесниците и реализираните програми за обука.
  • Учество во имплементација и тестирање на нови дигитални алатки, функционалности и решенија за учење и развој на вработените.
  • Развој, имплементација и унапредување на дигитални програми за обука и учење.
  • Анализа на податоци и извештаи за посетеност, успешност и ефективност на обуките со цел континуирано подобрување на програмите.
  • Учество во проекти за дигитална трансформација и автоматизација на процесите за обука и развој на вработените.
  • Соработка со интерни и екстерни засегнати страни за развој и имплементација на современи решенија за учење.
  • Одржување и ажурирање на електронската база на податоци за обуки, сертификати и квалификации на вработените.
  • Предлагање иновативни методи за учење и развој со цел подобрување на корисничкото искуство и ефикасноста на обуките.

ОБРАЗОВАНИЕ И ЛИЦЕНЦИ:

  • Високо образование (VII Степен)
  • Уверение за завршен Б1 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)

ВЕШТИНИ:

  • Комуникациски вештини
  • Ориентираност кон тимска работа
  • Одлично планирање и организациски вештини
  • Тимска работа
  • Одлично познавње на MS Office, особено Excel
  • Познавање од ИТ апликации (Oracle ERP, Cloud, SAP, Workday итн.)
  • Одлично познавање на англиски јазик